Македонија
6. August 2023 - 13:28

Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Охрид

На 05.08.2023 во 17.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга- Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(27) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(69) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека со телесни повреди се здобил возачот Т.А. и сопатникот од неговото возило Н.Г.(18) од Скопје, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.