Трета „Илинденска вечер во Елшани“
Третата културно-забавна манифестација „Илинденска вечер во Елшани“ вечер ќе се одржи во охридското село Елшани. Годинава ќе настапат културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид и пејачот Спасен Силјаноски од Кичево.
- Со организацијата на вакви настани сакаме да ја збогатиме културната и туристичката понуда на Елшани, а истовремено да ги промовираме неговите посебни вредности пред гостите од Македонија и од целиот свет, информира Месната заедница на Елшани.
Манифестацијата „Илинденска вечер во Елшани“ е во спомен на двата Илиндена од 1903-та и 1944-та, кога активно биле вклучени многу елшански семејства. На овој датум се одбележува и верскиот празник и патрон на селото, Свети пророк Илија, чија слава ја чествува секое елшанско семејство.
Во чест на верскиот празник Свети Илија ќе се служи и света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор