-->
-->
Трајковски продолжува во Грција
-->
Центарот на македонската кошаркарска репрезентација Бојан Трајковски кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Аполон Патрас пренесува порталот Еуробаскет. Крилниот центар се договорил со грчката екипа и веќе на следниот натпревар ќе му се стави на располагање на тренерот на овој тим Танасис Папахацис.
Трајковски одигра едно коло во дресот на Работнички со кој имаше „отворен договор“ ако добие поволна понуда од странство да замине. На мечот од првото коло против Кожув во Гевгелија постигна 12 поени и имаше пет скока и една блокада.
Во минатата година настапуваше за полскиот прволигаш Енерга Чарни, по што се пресели во Сигал од Приштина со кој триумфира во БИБЛ лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници