Македонија
26. March 2024 - 13:14

Тешко повреден малолетник при судар на автомобил и трицикл


Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Црниче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од Скопје и трицикл „томос“ со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.