Македонија
2. November 2015 - 12:37

Тепачка во Скопје: Татко и двајца синови нападнати од група насилници

Вчера околу 19,30 часот на ул.„376“ во Скопје Т.С.(47) и неговите синови Б.С.(19) и С.С.(24) биле физички нападнати со тврди предмети од страна на Б.Д.(24), Ф.Д.(29), Б.Д.(23), Е.Д.(41), Г.Д.(18) и Д.Д.(43).

Осомничените се приведени, со нив бил извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.