Теодоракис: Владата по Велигден ќе донесе предлози во грчкиот Парламент за Скопје
Намерата на Владата е во разговорите што ќе се одржат да стигне до некои предлози кои по Велигден ќе дојдат во грчкиот Парламент, ова важи и за Албанија и за Скопје, вели лидерот на партијата Река за грчкото радио Скај, Ставрос Теодоракис, по средбата со грчкиот премиер.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Теодоракис во интервјуто говореше и за прашањето со името, повторувајќи ги позициите на неговата партија и на централно левичарската Движење за промени во кое освен Река е и партијата ПАСОК.
- Инсистираме на решение што ќе го затвори нерешеното прашање со нашите соседи, решение за сложено име, што ќе се користи внатрешно, надворешно, дипломатски, на сите нивоа, еден збор за соседната земја и секако конкретни обврски врз основа на меѓународните договори за бришење на иредентизмот од учебниците и ако постои и од Уставот. Ќе треба нашите соседи да сфатат дека ќе треба да свртат страница, да го едуцираат нивниот народ на логичен соживот, пријателство и добрососедство со Грците, рече Теодоракис за радиото Скај.
Во однос на тоа дали би ја поддржале Владата во Парламентот за евентуалниот договор, истакна дека за да говори за тоа дали ќе гласаат позитивно или негативно, потребно е прво да го видат предлогот.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции