Тензично во Бутел пред осветувањето на крстот, полиција на секој чекор
Во Општина Бутел каде што денеска треба да бидат осветени темелите на крстот што ќе се гради на вркстувањето на улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“, претпладнево е забележливо зголемено присуство на полицијата.
Полициски сили се распоредени на пристапните сообраќајници околу локацијата и го пренасочуваат сообраќајнот.
Претходно, симпатизери на ДУИ за денеска најавија протест поради изградбата на крстот. Советниците на ДУИ во општина Бутел вчера на прес-конференција кажаа одлука на Советот на Општината за изградба на крст е „нелегалната и провокативна“.
Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.
Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан архиепископ охридски и македонски, со свештеници од Скопската епархија.
Ново на Сител
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми
-
Каселакис го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“
-
Пробиени две брани во поплави во јужна Германија
-
Мицотакис оптимист дека Нова демократија на евроизборите ќе го повтори успехот од пред пет години
-
Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и го почитува ратификуваниот меѓународен договор, истото го бараме и од Северна Македонија
-
Офир Фалк, главен советник на Нетанјаху: Планот не е добра зделка, но Израел го прифаќа
-
ОЈО: Извршен увид на местото на убиството во Боговиње
-
Во Собранието утре прва официјална координација