Температурата расте, сончево и топло време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните северозападни и северни делови од земјава ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд, а на повисоките планини за краткотраен слаб локален снег. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во наредните денови продолжува период на променливо облачно време со сончеви периоди. До понеделник ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец, а од почетокот на наредната недела дневната температура ќе биде во пораст.
Ново на Сител
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ