Телефонски разговор Османи - Лавров
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
Како што денеска соопштија од МНР, министерот Османи се осврнал на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повторил приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ.
- Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението од МНР.
Министрите Османи и Лавров, соопштуваат од МНР, размениле мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми