Тажна вест: Почина д-р Оровчанец, голема загуба за македонското здравство
Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област. Таа е родена во Љубљана, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професиoнална кариера ја продолжува во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде специјализира, докторира и супспецијализира во областа на гастроентерохепатологија
Проф. Дагмар Оровчанец како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на студентите. Од 2007 година таа беше дел од тимот на приватната болницата „Ре Медика“ во Скопје.
Таа важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред се, човек во вистинска смисла на зборот.
Ново на Сител
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница