Тачи: Косово е подготвено за нормализација на односите со Србија
Косовскиот претседател Хашим Тачи се сретнал денеска во Будва, каде што учествува на меѓунардониот форум за безбедност на Југоисточна Европа, насловен „To be secure“, односно „2BS“, со директорот за Централна и Јужна Европа во американскиот Стејт департмент Метју Палмер, кому му ја изразил подготвеноста на Косово за „нормализација на односите со Србија“, јавува дописникот на МИА од Приштина.
- Косово е подготвено да ја продолжи последната фаза на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ и со силна поддршка на САД, напиша попладнево Тачи на Фејсбук, објавувајќи фотографија од средбата со Палмер и американската делегација на форумот во црногорскиот приморски град.
Косовскиот претседател изрази уверување дека Косово „ќе ја има поддршката на САД и во овој процес, како што ја имало при секој значаен чекор„ кој го презел неговата држава.
Тачи, инаку, се труди да го преземе лидерството во преговорите со српската страна под покровителство на Брисел, на што се противи актуелната опозиција, но се почести се и гласовите од претставници на владејачките партии против неговото инволвирање во дијалогот со Белград.
Меѓу другите, повлекување на Тачи од преговорите со Белград побара претседателот на Националниот совет на една од владејачките партии, Иницијатива за Косово (Нисма), поранешниот парламентарен спикер Јакуп Красниќи. Тој во интервју за „Зери“ изјави дека е „нерационално Тачи да ги предводи преговорите со Белград“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај