Фудбал
15. July 2015 - 10:03

Свонси го продава Мичу

Тренерот на англискиот премиерлигаш Свонси, Гери Монк, рекол дека во наредната сезона нема да смета на услугите на шпанскиот фудбалер Мичу.
 
„Тој нема да биде со тимот оваа година. Имавме голема транзиција минатата година, кога станува збор за нашиот тим“, им изјавил Монк на локалните медиуми во Велс.
 
Мичу во Свонси дојде од Рајо Ваљекано во 2012 година за сума од два милиони фунти и во првата сезона беше најдобар играч и стрелец со постигнати 22 гола во сите натпреварувања. игрите кои ги прикажа во Свонси му донесоа и повик во фудбалската репрезентација на Шпанија.
 
Сепак поради проблемите со повредите во својата втора сезона во Свонси тој речиси и да не играше, а минатата сезона ја мина на позајмица во Наполи каде одигра само три натпревари.
Мичу кој има уште една година од договорот со Свонси, од клубот добил дозвола да ја смени средината, а за неговите услуги се интересираат Гранада и Рајо Ваљекано.