Свет
22. January 2024 - 8:04

Свлечиште во Кина затрупа речиси 50 луѓе

Свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина утрово затрупа 47 луѓе и принуди евакуација на уште 200. Во потрагата се вклучени над 200 спасувачи со десетици парчиња опрема.

Во моментов не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето во планинската кинеска провинција. Регионот е погоден и од студен бран, а температурите се спуштаат дури и под нулата.

Лизгање на земјиштето често се случува во планинскиот југозапад на Кина, особено по врнежите.