Спорт плус
27. April 2022 - 9:59

Струмица со победа над Шкендија ја отвори финалната пресметка во одбојкарскиот плејоф

 Одбојкарите на Струмица го остварија првиот триумф во финалната серија со Шкендија во финалето на плејофот.

Струмичани синоќа на домашен терен на убедлив начин со максимални 3:0 извојуваа заслужена победа. Првиот сет заврши 25:20, во вториот беше 25:18, додека во третиот гостите освоија 21 поен.

Втората средба од серијата прв до три победи ќе се игра на теренот на Шкендија во Тетово.

Во тековната сезона Струмица на пет меѓусебни натпревари, вклучувајќи го и полуфиналето во купот, не загубија ниту еден сет од ривалот.