-->
-->
Странците во Турција ќе плаќаат казни на граничните премини
-->
Странците казнети за непочитување на сообраќајните правила во Турција, ќе плаќаат административни казни на граничните премини при излез од земјата.
Новата одлука е објавена во турскиот Службен весник, а Дирекцијата за контрола на сообраќајот информира дека таа веќе се применува.
Според Дирекцијата, одлуката е во согласност со меѓународните стандарди за таа област.
Примената на оваа мерка се очекува да придонесе за поефикасно казнување на прекршителите на правилата за движење и ќе послужи како превентивна мерка против сообраќајните прекршоци во Турција.
-->
-->
-->