Свет
4. April 2017 - 8:21

Столтенберг со повик до Германија и други европски држави за зголемени расходи за одбрана

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Германија и другите европски држави да ги зголемат расходите за одбрана.

Во изјава за Ханделсблат тој рече дека е потребно да се потрошат повеќе пари заради географската близина на Европа со Русија, Сирија и со Ирак.

– По крајот на Студената војна беше правилно да се намалат расходите за одбрана. Но, ако ги намаливме кога тензиите се намалија, тогаш е потребно да ги зголемиме кога тензиите растат, а сега сме во таква состојба, нагласи Столтенберг.

На средбата на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО во петокот, германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел рече дека е нереално Гермнаија да ја постигне целта од НАТО од 2006 година – расходите за одбрана да достигнат 2 проценти од БДП.

Столтенберг додаде во интервјуто дека не верува оти преговорите за Брегзит ќе бидат закана за НАТО.