Стојаноски апелира за достоинствена прослава на Василица
Во пресрет на празникот Василица – Стара нова година, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски апелираше до граѓаните да бидат умерени во консумирањето алкохол и со своето однесување да придонесат и овој празник да мине во весела атмосфера без инциденти со несакани последици.
Отворената музичка сцена на Градскиот плоштад во Охрид за утревечер е резервирана за концертот на групата „Љубојна“.
За претстојниот празник Богојавление – Водици, Стојаноски го нагласи ставот на локалната самоуправа за одвојување на верскиот од световниот дел во одбележувањето на празникот, односно денот да мине со одржување на верските обичаи, од осветување на водите на Охридското Езеро, скокањето по Чесниот крст, масовното крштевање…
- Одиме на едно мирно и достоинствено празнување без преголеми свечености. Чисто едно граѓанско расположение и граѓанска забава во текот на денот. Во вечерните часови на плоштадот „Св. Климент Охридски“ продолжуваме со оние концерти кои што ги извршувавме во текот на новогодишните празници, а кои се дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ - рече тој.
Согласно агендата на „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ празнувањето на Богојавленскиот водосвет ќе биде заокружено со голем концерт на групата „Фолтин“ предвиден за вечерта на Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот