Балкан
14. October 2016 - 12:01

Српскиот министер за внатрешни работи и објави војна на мафијата

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека државата и објавува војна на мафијата и до 2017 година Министерството за внатрешни работи ќе биде исчистено од сите оние, кои на каков било начин соработувале со криминалните структури, јави Танјуг. 

Стефановиќ на вонредната прес-конференција по синоќешното убиство на лидерот на навивачите на фудбалскиот клуб „Партизан“, Александар Станковиќ во Белград, изјави дека едно лице е уапсено, а по неколку се трага.

Тој нагласи дека борбата против мафијата ќе биде тешка борба, во која државата и полицијата треба да победат пред се поради мирот и безбедноста на граѓаните.