Средба на претседателот Пендаровски со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието на Република Северна Македонија.
На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според претседателот Пендаровски, треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.
-Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбедноста на државата не се ничија лична работа, рече претседателот Пендаровски.
Тој, како што соопштија од неговиот Кабинет, позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера и го истакна фактот дека се поддржани и од власта и од опозицијата.
На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во Република Северна Македонија во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.
Претседателот Пендаровски ги информираше членовите на комисијата дека до сега 22 држави го завршија процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, додека кај преостанатите седум земји-членки нема политички пречки процесот да се заокружи.
Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.
На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековната работа на комисијата и за носењето на законите од безбедносната сфера. Членовите на комисијата позитивно ја оценија можноста за средба со претседателот на Република Северна Македонија и ја нагласија неговата улога за надминување на поделбите во општеството. Претседателот Пендаровски посочи дека и во иднина редовно ќе се одржуваат заеднички координации и ќе има редовна комуникација со комисијата.
Ново на Сител
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево
-
Белгиските и холандските медиуми за изборите: Гласачите изразија незадоволство од бавните преговори за членство со ЕУ
-
Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години
-
Лазаров побара голема поддршка од публиката пред реваншот со Фарски острови
-
Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал
-
Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Пртва светска мвојна
-
Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво од пристапниот процес