Средба Ковачевски - Марфи на маргините на Минхенската безбедносна конференција
На маргините на Минхенската конференција за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имал разговор со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија.
-Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил.
На сенаторот Марфи премиерот му изразил благодарност од негово и од име на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја.
-Разговаравме и како исклучително важна ја оценивме регионалната соработка која последните години особено се интензивира и која има посебно значење кога станува збор за можностите за диверзификација во енергетскиот сектор за стабилно снабдување со енергенси, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Александар Бајдевски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ
-
МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога
-
Скандал: Директорка на училиште во Струга забранила да се пее химната на Македонија
-
Со дрога фатен шофер на МНР во Охрид, дрогата ја носел во Скопје - Случајот се крие
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата