Ф1
13. October 2023 - 9:49

Пирели останува во Формула 1 до 2027

Италијанскиот производител на пневматици Пирели ќе биде ексклузивен снабдувач на гуми за Формула 1 до крајот на 2027 година, објави Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Договорот предвидува опција за продолжување на соработката за уште една година

„Посветеноста на оваа компанија кон квалитетот, иновациите и нејзиното длабоко познавање на нашиот спорт ќе биде од суштинска важност во годините кои доаѓаат, како што ќе се приближуваме до новите прописи во 2026“, рече првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.

Пирели, кој е ексклузивен снабдувач на Формула 1 од 2011 година, ќе продолжи да биде генерален спонзор и во Формула 2 и Формула 3.