Свет
6. October 2016 - 20:42

Советот за безбедност на ОН едногласно ja поддржа кандидатурата на Гутерeш за генерален секретар

Советот за безбедност на ОН  едногласно  ја поддржа кандидатурата на Антонио Гутереш за генерален секретар на Светската организација.

На затворената седница на Советот за безбедност беше усвоена резолуција со препорака до Генералното собрание да ја одобри неговата кандидатура, соопшти Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, пренесува ТАСС.

Поранешниот португалски премиер беше фаворит, откако победи во шесте претходни гласања. Се очекува процедурата за неговото одобрување од страна на Генералното собрание на ОН да биде формалност. Генералното собрание на ОН најверојатно ќе се собере на седница следната недела. Гутереш ќе стапи на должност на 1 јануари следната година.