Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
Советот на ЕУ даде зелено светло за првиот закон на Европската Унија за борба против насилството врз жените и семејното насилство, за кој земјите-членки имаат рок од три години да го применат во националното законодавство.
Новиот закон бара од сите земји-членки на ЕУ да го криминализираат осакатувањето на женските гениталии, принудните бракови и кибер насилството, како што се споделување интимни фотографии без согласност, кибер следење, кибер вознемирување и кибер-поттикнување омраза или насилство, се наведува на веб-страницата на Советот на ЕУ.
Пол Ван Тигчелт, потпретседател на белгиската влада и министер за правда и за Северното Море, рече дека усвојувањето на овој закон е револуционерен момент во зајакнувањето на правата на жените.
„Вистинската еднаквост може да се случи само кога жените можат да живеат без страв дека ќе бидат малтретирани, насилно нападнати или физички повредени. Овој закон е важен чекор за да се случи тоа“, рече Тигчелт.
Директивата содржи и детални правила за мерките за помош и заштита што земјите-членки треба да ги обезбедат на жртвите и мерки за спречување на насилството врз жените и семејното насилство и поставува стандарди за заштита на жртвите на овие кривични дела.
Овој закон ќе гарантира, низ ЕУ, дека неговите сторители ќе бидат строго санкционирани и дека жртвите ќе ја добијат сета потребна поддршка.
Ново на Сител
-
Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина
-
Лидерите на Г7 ќе го продолжат својот годишен самит
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно, претпладне повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Бајден: Не очекувам во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот во Газа
-
Столтенберг: Војната во Украина ќе продолжи сѐ додека Путин очекува да се откажеме
-
Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот тек на земјите од Балканот