Македонија
2. October 2015 - 8:29

Состанок за заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион

Работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО ќе се одржи денеска во Охрид. 

Главни цели ќе бидат идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското езеро. 

На средбата ќе присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на UNESCO, ICOMOS, IUCN .