Бизнис
28. March 2022 - 16:34

СОНК се подготвува за штрајк, КСС за протест

СОНК пред одлука за генерелане штрајк. Од синдикатот велат дека се поизвесно е дека вработените во образованието на 11 следниот месец ќе  прекинат со извршување на своите работни обврски . На овој начин тие ќе го изразат револтот, затоа што  Владата нема слух за нивните барања. Главно е скалестото зголемување на платите во секторот. Ако не се  случи тоа , велат дека со растото на минималецот,  на повеќе работни позиции вработените ќе бидат исто платени.

Од СОНК ќе дадат поддрша и за протестот на  административците. Во среда  дел од потесното раководство на синдикатот ќе излезе  заедн со нив на пред собранието.

Минатата недела од состанкот во Владата  двата синдиката излегоа незадовони. Предупредија дека ако не се најде решение за платите , незадоволствотото ќе биде уште поголемо и ќе бидат принудени да ги радикализираат протестите.

Oд Владата пак посочија дека преговорите ќе продолжат  во слендиот период со цел да се најде соодветно решение.