Македонија
16. April 2024 - 19:59

Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков

Со исказ на двајца сведоци денеска продолжи судското рочиште за случајот Пендиков.Тие во своите излагања кажаа дека не се сигурни кој го нападнал Христијан во угостителскиот објект на кејот на Охридското Езеро а беше посочена и една невообичаена постапка на полициските службеници кога при првата интервенција и прибирање на податоци покажувале фотографии и слики на одредени лица . Иако на почетокот Пендиков во полициската станица истакнал дека не се сеќава кој го претепал потоа ја смени изјавата, застапникот на оштетениот адвокатот Камишевски со став дека бил во шок и страв.

Адвокатот на обвинетите пак Цобоски истакна дека останува сомнително и тоа што на аеродромот паднал системот на полициската контрола при полетувањето на авионот со кој беше пренесен Пендиков во Софија.

Следното рочиште е закажано за 16 мај.