Македонија
15. April 2019 - 10:30

Со автомобил удрил во 6-годишно дете од Прилеп

На улица „Војводинска“ во Прилеп, вчера во 15.45 часот патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.