Свет
24. March 2018 - 9:25

Снимка која го шокираше светот: Вреќичка со кокаин падна од џебот на новиот словачки премиер

Само што стапи на функцијата, новиот премиер на Словачка Петер Пелегрини дојде во центарот на вниманието на јавноста зошто во текот на една конференција за медиуми забележано е како од џебот му паѓа вреќичка со нешто што потсетува на бел прав.

Иако од снимката не може најјасно да се заклучи за што се работи, социјалните мрежи зборуваат за контроверзното видеот на кое се гледа како сомнително пакетче му паѓа од сакото на новиот премиер на Словачка и тоа на конференцијата за медиуми.

Кога Пелегрини го вадеше мобилниот телефон, од џеб му падна вреќичка со бел прав, што исто така го забележа неговиот коалиционен партнер Бели Бугар.

Тој стана премиер вчера кога го именуваше претседателот на Словачка Адам Кисак, а на таа функција го замени Роберт Фицо.