Македонија
25. August 2017 - 14:02

Следува продолжен викенд, петок е неработен ден

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1 септември, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Курбан Бајрам е прогласен за неработен ден согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита претстојниот празник Курбан Бајрам.