Скопска Апелација го врати „Змиско око 2“ на повторно судење во Основниот суд
Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставил пресуда, со која по втор пат ја укина пресудата на Кривичниот суд од 16.01.2015 година за предметот во јавноста познат како „Змиско око 2“, и предметот го врати на повторно судење во Основниот суд.
- Постапувајќи по жалбите поднесени од 53 обвинети изјавени лично или преку нивните бранители, како и жалба поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда, второстепениот суд ги уважил жалбите на обвинетите и делумно ја уважил жалбата на обвинителството, стои во соопштението од Кривичниот суд.
Апелацискиот суд постапувајќи по изјавените жалби одржал јавна седница на 19.02.2016 и 22.02.2016 година по која, како што се наведува во соопштението, утврдил дека во првостепената пресуда нецелосно е утврдена фактичката сосотојба односно дека обжалената пресуда во осудителниот и ослободителниот дел од став I, точка 1 и став III содржат недостатоци поради кои неможе во целост да се провери нејзината правилност, а изреката на пресудата е недоволно јасна, заради што Апелацискот суд ги уважил жалбите и предметот го врати на повторно судење со напатствија да се отстрани недостатоците.
Во однос на жалбата на Обвинителството за осудителниот дел од став I на пресудата Апелацискиот суд сметал дека таа е беспредметна, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати