Скандалозниот ззакон на Мери Николова за амнестија на осудени лица влегува во собраниска процедура
Собранието деновите ќе треба да се изјасни за предлог законот за линеарна амнестија на осудените лица поднесен по иницијатива на Мери Николова активист на опозицијата. Доколу предлогот помине Амнестијата на Николова ќе значи намалување од 40%, односно речиси преполовување на изречените казни за околу 3.500 правосилно осудени лица.
Првичните анализи покажуваат дека веднаш ќе бидат ослободени околу 800 осудени лица, а најголемиот дел од нив доаѓаат од Скопје и сите скопски општини, Куманово, Битола, Тетово, Штип, Прилеп, Струмица, Гостивар, Кавадарци.
Но, кој се ќе биде опфатен со прелогот за евентуалн амнестија е најскадалозниот момент во целата идеја.
Амнестијата што ја предлага Николовска опфаќа и лица осудени за најтешките кривични дела како што се : Детска проституција, насилство, па се до тешки дела против човекот.
- Детска проституција *
- Несовесно лекување на болни
- Производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување
- Недопуштено пресадување на делови од човечко тело
- Тешки дела против здравјето на луѓето
- Овозможување на употреба на наркотични дроги
- Нанесување на тешки телесни повреди
- Изнуда
- Уцена
- Фалсификување на пари
- Предизвикување на општа опасност
- Неузвршување на судска одлука
- Насилство
Некои анализи покажуваат дека со оваа амнестија ќе бидат офатени
- 27 лица осудени за убиство
- 29 лица осудени за силување
- 6 лица осудени за обљува на немоќно лице
- 14 лица осудени за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години
- 5 лица осудени кои посредувале при вршење проституција
- 391 лица осудени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги (дилери)
- 1.634 лица осудени за тешки кражби.
- Неовластено изработување, држење и тргување со оружје.
Ослободувањето на околу 800 осудени и речиси преполовување на казната за околу 3.500 правосилно осудени лица, спорд безбедносни проценки може да значи загрозување на општата безбедност.
Иницијативата на Николова, блиска до опозицикста СДСМ и СОРОС Фондацијата, која активно учествуваше во сите протести, ја потпишале 11.000 граѓани, а неофицијално во логистиката за собирањето на потписите учествувале Општинските организации на СДСМ.
-

Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар
