Спорт плус
15. December 2016 - 19:57

СИТЕЛ почна со победа на турнирот за медиуми

Екипата на СИТЕЛ ТВ со победа го почна настапот на турнирот на медиуми во организација на Спортското радио 90.3 ФМ. Во натпревар од 2.коло од групата В, СИТЕЛ ТВ со 3:1 ја совлада екипата на Канал 5. Утре во диркетен дуел за првото место во групата СИТЕЛ ТВ ќе игра против АЛФА ТВ. Во првото коло од групата АЛФА ТВ ја победи екипата на Канал 5 со 3:2.

Утре натпревар ќе одигра и екипата на СИТЕЛ 3, а противник им е составот на МПМ. Вчера во рамките на групата Б, СИТЕЛ 3 загуби од ланскиот финалист МРТВ со 2:0.
Утре натпреварите кои се играат малата сала во СЦ Јане Сандански почнуваат во 17 часот, а влезот е слободен.