Свет
28. July 2015 - 11:40

Синот на Гадафи и осуммина соработници на поранешниот диктатор осудени на смрт

Либиски суд го осуди на смрт Сеиф ал Ислам Гадафи, како и осуммина блиски соработници на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи.

Судот заседаваше во Триполи каде на власт се коалиција од милиции, од кои дел се исламистички.

Меѓу осудените на смрт се последниот премиер од времето на Гадафи, Багдади ал Махмуди и поранешниот шеф на разузнавањето Абдула ал Сенсуи. Тие се осудени за улогата во крвавите репресии при бунтот, со кој беше симнат од власт Гадафи во 2011 година.