Македонија
12. August 2021 - 19:54

Симовски: Безбедно е да се прими попишувач дома исто како што е безбедно да се оди во продавница

Како да им се објасни на тие кои не сакаат да примат попишувач дома дека е безбедно? - На ова прашање Симовски одговори дека е исто како што е безбедно да се влезе во продавница и да се купат основни намирници.

-  Како што е безбедно да влезете во продавница да купите намирници основни елементарни. Тоа го правиме секојдневно речиси две години. Колку што е безбедно да прошетате било каде, затоа што веќе не живееме затворени, не сме изолирани како што бевме на почетокот на пандемијата. Погледнете ги кафеаните полни се, преполни, изјави Симовски.