Македонија
17. March 2018 - 19:06

Силно невреме попладнево го зафати Охрид

Силно невреме и јужен ветар кој на моменти достигна брзина од околу 100 километри на час го зафати Охрид. Високите  бранови го преплавија кејот и предизвикаа поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, односно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото. Од силината на ветерот скршен е дрвениот мост на желбите кај Потпеш ,искорнати se дрвја,паднати лимови и делови од покриви на некои постари куќи а во Пештани пак скршено дрво предизвика застој на патниот правец Охрид –Свети Наум и прекин во електроснабдувањето .

Од ЕЛЕМ велат дека состојбата постојано се следи и се прават напори да не дојде до псоериозни последици.

Од УХМР за утре најавуваат засилен ветер од западен правец, проследен со пороен дожд и грмотевици а попладне  се очекува стабилизирање на временските услови.