Loading Video...
Фудбал
2. September 2023 - 19:55

Силекс со 10 играчи победи во Гостивар, прв триумф на Вардар

Подвиг на Силекс на гостувањето во Гостивар каде славеше со 2-1.

Екипата од Кратово речиси целото второ полувреме го одигра со играч помалку но и во таква ситуација постигна гол за три важни бода во битката за горниот дел на табелата.

Гостите први и го отворија резултатот кога домашниот играч Гоба Закпа си постигна автогол во 40-тата минута.

Поранешниот играч на Силекс Ангелче Тимовски кој го засили Гостивар успеа да израмни во 64-тата минута но  не за долго откако Ристовски на 15-минути до крајот ги шокираше домашните фанови и донесе триумф на Силекс од 2-1.

Прва победа за Вардар  во прволигашкото друштво по враќањето во Елитата.

Црвено црните   водеа со 2-0 против Македонија ЃП со головите на  Мицевски од пенал и Омерагиќ.  Гостите од Ѓорче Петров почесниот погодок го постигнаа во последните секунди од средбата.  Стрелец Величковски.

ПРВА ЛИГА 6. Коло
АП Брера – Работнички 0-0
Гостивар – Силекс 1-2
Вардар – Македонија ЃП 2-1
Шкендија – Шкупи 0-0
Воска – Брегалница 2-0
Струга ТЛ – Тиквеш  пон.