Шпанец ќе жонглира со моторни пили - од утре уличното шоу „Баскерфест“ во повеќе општини
Фестивалот на улични уметници „Баскерфест“ традиционално ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 12-ти до 17 јуни, но претходно карванот на ова улично шоу ќе помине низ неколку градови во државата.
Ќе почне утре во Охрид (8-ми и 9 јуни), в недела, 10 јуни, ќе помине во скопската општина Ѓорче Петров, на 15-ти и 16 јуни во Кочани, на 18-ти и 19-ти во Велес, на 20-ти и 21-ви во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22-ри до 24 јуни во општина Центар.
Организаторите најавија повеќе од 20 точки на изведувачи од повеќе земји, а посетителите ќе имаат можност интерактивно да се вклучат.
На годинашниот „Баскерфест“ ќе учествуваат акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со помош на огромен хулахоп, Мистер Ф од Франција - баскер-изведувач кој настапува со џиновскиот балон, Козани и Венди од Аргентина и Еспума Брума која оди на јаже, мајсторот на борачките вештини Хиро-Сан од Јапонија, Шпанецот Максимо Оптимо кој жонглира со моторни пили...
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда