Шест загинати во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион
Шест лица загинаа во последните 24 часа во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион во Украина, соопштија денеска локалните власти.
Две лица загинаа, а тројца се ранети во Херсон, откако повеќе од 100 гранати ја погодија областа во текот на викендот, изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин.
-Две наведувани бомби ја погодија клучната инфраструктура во градот Херсон, што предизвика делумен прекин на електричната енергија и прекин на снабдувањето со вода во областа, изјави шефот на градската воена управа Роман Мрочко.
Локалните власти соопштија дека уште две лица се убиени во регионот на Доњецк, а една постара двојка е убиена во воздушен напад што го уништил нивниот дом во регионот Харков.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили ноќеска лансирале 27 беспилотни летала во нападите врз западна Русија.
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ