Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања и за култура.
На собраниската Комисија за европски прашања е закажана јавна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес".
На комисијата за економски прашања на дневен ред е Предлог на закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка - второ читање, поднесен од Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди, Артан Груби.
Комисијата за култура на седницата има три точки на дневниот ред - Предлог-закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање и Активности за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година.
Ново на Сител
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот