Се стресе цела Македонија, најголема паника во Дебар
Земјотресот што беше почувствуван ноќеска 00 часот и 20 минути во западна Македонија бил со интензитет од три степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил на 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Земјотресот бил почувствуван и во Дебар и предизвикал вознемиреност меѓу дебарчани.
Албанскиот Сеизмолошки институт, претходно соопшти дека два часа по првиот потрес следувал уште еден, но со помал интензитет.
Првиот потрес, бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, а епицентарот бил на педесеттина километри од Тирана, во близина на пограничните населени места со Македонија, поточно во планинскиот предел помеѓу градовоите Елбасан и Булќиза.
Земјотресот е почувствуван и во другите погранични македонски градови, но и во Тирана.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк