Се повлече од естрадата: Познатата српска пејачка стана исцелител и го смени името
Марина Живковиќ ја освои српската сцена во текот на 90-тите. Со нејзините гласовни способности ја воодушеви Србија и Балканот, зошто подеднакво добро пееше и рок музика.
Нејзините песни се пееја секаде, имаше голема популарност, а по 2000 година сними само неколку песни. Потоа се повлече од сцената и како што се збореше станала исцелителка.
Во една прилика спомена дека не држи никакви курсеви за тоа и дека не заработува од тоа само им помага на блиските пријатели.
-Ја сум само проводник на нешто што е над сите нас. Секој третман се прави со раце, но без допирање на пациентот. Покрај тоа, завршив и курс за праник хилинг, кој е заснован на лекување со енергија, но сега работам и молитва додека кај реконекциите го празнам умот и немам никакви мисли. Само ги следам своите раце каде треба да одат, рече пејачката во една прилика.
Се шпекулираше и дека го сменила името па покрај постоечкото по кое на сите им е позната, има и ново - Маха Мантра (Голема Мантра).
Меѓутоа Марина не се изјасни за тоа. Нејзините најголеми хитови „Болујем у себи“, „Реци, реци да“, „Узми или остави“, „Не иди од мене“ се уште се пеат.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија