Македонија
8. March 2024 - 12:23

Се одбележува 8 Март - Меѓународниот ден на жената

Со повеќе активности денеска се одбележува 8 Март - Меѓународниот ден на жената. 

Платформата за родова еднаквост попладнево организира и марш за женски права под слоганот „Црвена линија - правата на жените не се за шрегпварање“. Маршот ќе стартува во 17 часот на плоштадот „Скендер бег“ а ќе заврши во паркот „Жена борец“ откаде ќе бидат испратени пораките.

- Осма година по ред маршираме за да потсетиме дека женските права се важни секој ден во секој сегмент од живеењето. Во период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори посетуваме дека правата на жените не се за преговарање. Повлекуваме црвени линии за нашите здравствени, образвони, културни, политички и економски работнички права, посочуваат од Платформата за родова еднаквост во пресрет на денешниот марш.