СДСМ: Последните изјави уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието
СДСМ смета дека последните информации во медиумите уште еднаш потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски стојат зад насилниот упад во Собранието на 27 април и крвничките напади што се случија на овој ден и побара одговорност од инволвираните.
- Објавените изјави покажуваат дека спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, спротивно на интересите на граѓаните, структури на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во институциите, дозволила странски разузнавач да влезе во Собранието. Крвавите настани во Собранието беа резултат на насилството на кое подолг период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ и од нивните соработници, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека Македонија избрала промени и сега, како што посочуваат, чекори по нов пат, на нови вредности кои значат единство, почитување, мир и толеранција.
Но, додаваат, одговорност за сите што учествувале во насилство во Собранието, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да има, за никогаш повеќе да не се повтори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови