Македонија
12. October 2015 - 18:00

Санација на штетите од поплавите во Охрид - Состојбата не е критична

После обилните внежи од дожд се стабилизира состојбата во Охрид . Министерот за транспорт и врски Мисајловски заедно со градоначалникот Бакрачески и претставници од локалната самоуправа денеска беа а терен на најкритичните места кои беа погодени од невремето.За 12 часа 95 посто од поплавените места се надминати , а санирани се и свлечиштата и одроните кои се појавија на патниот правец Охрид – Св. Наум, во Велгошти и Лакочереј.

Екипите максимално ангажирани работат на речните корита ,канали и одводи на сите оние места каде во текот на овие два дена имаше поплави.

Инаку формирана е посебна комисија на локалната самоуправа која извршила увид на сите поплавени станбени објекти,според првичните податоци  37 на број  и во наредните две седмици ќе се направи проценка на штетите за нивно обештетување.