Македонија
1. February 2024 - 12:31

Самохраните родители во Струмица нема да плаќаат надомест за градинка

Самохраните родители од Струмица нема да плаќаат надомест за престој на нивните деца во градинките. Ова е трета година по ред како општината овозможува ваква поволност, а може да ја користат невработените или родителите кои имаат плата пониска од просечната месечна нето исплатена плата во државата.

Опфатени се самохрани родители односно семејства во кои еден од родителите е починат, еден од родителите е непознат или е дете од разведен брак.

Освен за децата од самохрани родители, општината и оваа година обезбеди субвенции, односно еднократна парична помош и за сите новороденчиња, но и за првачињата.

Од општина информираат дека во моментов се наоѓаат на самиот врв по бројот на социјалните услуги што ги обезбедуваат за граѓаните и најавуваат дека истите ќе продолжат и во иднина со тенденција за нивно проширување.