САД објавија нова иницијатива за борба против дезинформациите од авторитарните држави
САД објавија иницијатива за борба против дезинформациите што ги шират авторитарните влади со нова алатка за справување со овој проблем – Рамка за спротивставување на манипулации од странски држави.
Според Вашингтон, странските манипулации со информацијата и вмешаноста се закана за националната безбедност како на САД така и на сојузниците и партнерите.
- Авторитарните влади користат манипулација на информацијата да ja раскинат ткаенината на слободните и демократски општества.
Тие манипулраат со социјалниот дискурс, ги искривуваат националните и интернационалните дебати на теми од критична важност и ги поткопуваат демократските институции, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот.
Оттаму укажаа дека напорите вклучуваат работа со сојузниците за „развивање координирани одговори на манипулациите со странски информации и заштита на слободните и отворени општества“.
- Оваа транснационална закана бара координиран меѓународен одговор, се вели во соопштението.
Иницијативата на САД вклучува обезбедување на заштита на изборите од странско мешање и заштита на маргинализираните групи, како и слободата на изразување.
Исто така, се повикува владите да имаат посветени институции за да го координираат меѓународниот ангажман и „дигиталната комуникација заснована на факти за манипулација со странски информации“.
САД, исто така, се залагаат за инвестирање во дигиталната безбедност и за владите да ја заштитат улогата на независните медиуми.
Ново на Сител
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци
-
Најмногу дожд во Демир Капија