Свет
7. December 2023 - 21:32

САД го притискаат Израел да стори повеќе за заштита на цивилите во Газа

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го повика Израел да стори повеќе за да дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа и да ги заштити цивилите на палестинската територија. Тоа го нагласи во разговор со израелскиот министер за надворешни работи Рон Дермер, изјави американски официјален претставник.

Блинкен го поздрави одобрувањето на Израел за „минимално“ зголемување на снабдувањето со гориво во Газа, но побара од Дермер да се направи повеќе, изјави висок претставник на Стејт департментот за американски медиуми под услов да остане анонимен.

САД му ја понудија на Израел својата непоколеблива поддршка и го поддржаа неговото право на самоодбрана по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври.

Но, администрацијата на претседателот Џо Бајден се повеќе и повеќе јавно се загрижува за бројот на цивилни жртви во Газа и влошената хуманитарна ситуација.