Свет
19. December 2016 - 19:30

Руското МНР во најскоро време ќе објави детали за нападот врз амбасадорот во Анкара

Руското Микнистерство за надворешни работи во најскоро време ќе соопшти во врска со нападот врз рускиот амбасадор во Анкара, изјави портпаролката Марија Захарова.

– Руското МНР ќе објави соопштение во врска со нападот врз рускиот амбасадор во Турција. Ве молам да објавувате само официјални информации од нашето Министерство или од руската Амбасада во Турција, нагласи таа во изјава за медиуми.