Бизнис
25. March 2024 - 16:43

РКЕ: Ако нема давачка за пристап до мрежа, ќе поскапеше струјата

Граѓаните ќе плаќаа поскапа струја, ако не се воведеше новата давачка за пристап до мрежа. Според Регулаторната комисија, таксата од 200 денари по броило, не е ништо во споредба со 15% зголемување на цената во евтината тарифа. Иако домаќинствата реагираа дека со новата давачка не можат да го почувствуваат поевтинувањето на мрежарината, првиот регулатор вели – вака е најдобро за најголем дел од  семејствата кои имаат по еден стан, наспроти тие со 5.

- Тие што имаат 5 стана не треба да се жалат, наспроти оние домаќинства кои имаат еден стан . Инаку, укинувањето на надоместокот би ги зголемило цените на електричната енергија за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 14,54 проценти, зијави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната Комисија за енергитика.

Со воведувањетпо блок тарифи, граѓаните почнале да штедат. Потрошувачката на електрична енергија е намалена за 10%, додека пак во евтината тарифа се бележи зголемување за 18 отсто. Како поминува времето, уште повеќе ќе се намалува, пред се кај малите потрошувачи, на кои поевтино им е да купат од берза, отколку да се снабдуваат од регулираниот пазар. Викендов мегават на слободниот се купувал по 30,40 евра, додека производствената цена на РЕК Битола е над 100 евра за мегават.

- За жал, почна да се увезува јаглен  и не може да се очекуав ацената на РЕК  Битола да биде пониска од увозната. Затоа голем дел од малите потрошувачи се префрлаат на слободниот пазар., додава Бислимовски.

Од ноември до февруари околу 20 илјади мали фирми преминале од регулираниот на слободниот пазар. Инаку регулаторна ќе го испитува и работењео на ТЕТО, која  во декември и половина јануари вооопшто не произведувала топлинска енергија. Поради ниските цени на гасот на светските берзи, поисплатливо и било воопшто да не работи. Но Бислимовски уверува дека ова во никој случај нема да го поскапи парното. Напротив, поради ниската берзанска цена, може само да ја намали цената на топлинската енергија. Одлука за  тоа ќе се носи во јули.