Риба заглавена во медуза - дали е ова најдобрата фотографија на годината?
Сон на секој фотограф е да успее да го овековечи моментот кој се случува еднаш во животот. На Тим Самуел тоа му пошло од рака.
Овој австралиски фотограф кој себеси се опишува како голем љубител на океанот, успеал за време на нуркањето во заливот Бајрон во Нов јужен Велс да фотографира риба која била заглавена во медуза.
- Никогаш во животот не сум видел нешто слично. За среќа, го имав фотоапаратот кај мене, па успеав да ја фотографирам оваа неверојатна глетка. Беше интересно да се гледа нивното заедничко движење низ водата, изјавил Тим за Хафингтон пост.
Морскиот биолог од Универзитетот во Кливленд Јан Тибетс, вели дека медузите имаат свој начин да се заштитат од предаторите, а дека несреќната риба премногу се приближила.
- Тешко е да се каже дали рибата е среќна што се наоѓа во медузата или е тоа катастрофа, изјавил Тибетс.
Доктор Роберт Кинзи од Хаваи тврди дека рибата не е заглавена, туку дека само се сокрила во медузата и дека постојат големи шанси од таа позиција многу лесно да пронајде храна.
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори